Кошаркарската репрезентација на Србија ќе остане со истиот селектор и во следните две години бидејќи Светислав Пешиќ ќе го продолжи договорот.
Откако му истече соработката на крајот на септември, Светислав Пешиќ си замина од клупата на српската репрезентација, a поради промените во раководството се најавуваше дека ќе пристигне нов селектор, сепак тоа не се случи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новиот претседател Небојша Човиќ од своето доаѓање се залагаше да го убеди Пешиќ да ја промени одлуката и да остане и на крајот успеа.
Договорот кој ќе го потпиша Пешиќ ќе биде со важност до 2026 година, според најавите на „Моцарт спорт“ истото треба да се случи во текот на утрешниот ден.
Такво нешто се случи. Иако првично се веруваше дека тој ќе го продолжи договорот до крајот на Европското првенство следната година, Пешиќ ќе потпише до 2026 година.