Дома Фудбал Пикси изостави познати имиња: Многу промени во составот на Србија за Лигата на Нации

Пикси изостави познати имиња: Многу промени во составот на Србија за Лигата на Нации

Репрезентацијата на Србија во септември ќе дебитира во Лига А од Лигата на Нации, а избраниците на селекторот Пикси ќе играат во група со Шпанија, Данска и Швајцарија.

Пикси го објави и списокот за овие натпревари, а тој донесе неколку изненадувања и има многу промени во однос на составот со кој Србија настапи на Европското првенство.

Од позвучните имиња на списокот немаше место за: Вања Милинковиќ-Савиќ, Филип Костиќ, Немања Гудељ…исто така го нема и Душан Тадиќ, но познато е дека тој заврши репрезентативната кариера.

Србија на 5. септември ќе игра дома против Шпанија, додека три дена подоцна ќе гостува на Данска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Албанија подготвува даночен поттик за спонзорите: спортот чека зелено светло од парламентот

Компаниите што вложуваат во спортот би можеле да добијат даночно олеснување до 30 отсто, а…