Пјер Емерик Обамејанг ја игра последната сезона во Борусија Дортмунд, а медиумите тврдат дека веќе е позната неговата следна дестинација.
Според секогаш добро информираниот „Билд“, таткото на Обамејанг и негов менаџер влегол во преговори со ПСЖ и добил повеќе од примамлива понуда. Имено, „светците“ сакаат да го вратат Обамејанг во Франција за годишна плата од 12.000.000 евра.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
„Милиоенрите“ сакаат да го задржат Африканецот во своите редови, но јасно е дека нема да можат да ми понудат толкава сума, па неговото заминување на лето е извесно.
Интерес за Обамејанг покажуваа и други европски гиганти како Реал Мадрид, Милан, Манчестер Сити, но никој од овие клубови не е спремен да ја израмни понудата на Пари Сент Жермен.
Според „Билд“ Борусија Дортмунд како обештетивање ќе добие сума од околу 70 милиони евра!