Дома Топ вести Готово: Мбапе се договори со Реал Мадрид

Готово: Мбапе се договори со Реал Мадрид

Килијан Мбапе ги договорил сите детали со Реал Мадрид и на лето како слободен играч ќе пристигне на „Сантијаго Бернабеу“.

Ова денес го потврди новинарот на „Марка“, Марио Кортегана кој тврди дека Мбапе на лето сигурно пристигнува во Реал Мадрид.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Трансферот ќе биде реализиран по завршувањето на сезоната, кога на Мбапе ќе му истече договорот со ПСЖ.

Мбапе подолго време се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, откако одби да го продолжи договорот со ПСЖ.

Според последните информации Мбапе во Мадрид годишно ќе заработува 25 милиони евра плус бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…