Англиските медиуми пренесуваат дека „црвените“ го договориле и третото засилување за ова лето.
После Доминик Соланке и Мохамед Салах, во Ливерпул пристигнува и Ендрју Робертсон.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
23 годишниот Шкот минатата сезона беше еден од најдобрите фудбалери на Хал, а бидејќи „тигрите“ не успеаа да изборат опстанок во Премиер лигата стана јасно дека тешко ќе го задржат во своите редови.
„Liverpool Echo“ пишува дека за неговиот трансфер управата на Ливерпул ќе издвои околу 10 милиони фунти. Хал ќе инкасира осум веднаш, додека два ќе добие како бонуси.
Познато е дека Клоп нема премногу доверба во Алберто Морено поради неговите слабости во дефанзивата, па поради тоа Џејмс Милнер минатата сезона често пати го користеше на таа позиција, а доаѓњето на Робертсон би можело да значи и продажба на Шпанецот.
Ендрју Робертсон во текот на утрешниот ден ќе ги помине лекарските прегледи, после што ќе потпише договор со клубот од „Енфилд“.