Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер веќе постигнал договор со Оливие Жиру, кој ова лето треба да пристигне во Милано како слободен агент.
„Нероаѕурите“ го сакаа Французинот уште во јануари, Жиру беше спремен да се пресели на „Џузепе Меаца“, но Интер и Челзи не успеаа да се договорат околу обештетувањето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, миланскиот клуб не се откажа од напаѓачот и ќе го донесе на лето како слободен агент, а медиумите тврдат дека двете страни постигнале комплетен договор.
Жиру ќе добие двегодишен договор, а доколку одигра одреден број на натпревари и постигне одреден број на голови, тогаш ќе се активира клаузулата и за третата година. Годишната плата на Жиру ќе изнесува 5 милиони евра.