Напаѓачот на Челзи, Диего Коста речиси сигурно ќе го напушти лондонскиот тим на крајот од сезоната и кариерата ќе ја продолжи во Кина.
Имено, кинескиот клуб Тианџин испрати „луда“ понуда за Диего Коста и потврди дека е во преговори со играчот.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Медиумите открија дека кинескиот клуб му нуди на Коста неделна плата од 650.000 фунти, што значи дека фудбалерот годишно ќе заработува 33,8 милиони фунти (околу 40 милиони евра).
Медиумите на Островот шпекулираат дека понудите кои во Челзи пристигнуваат од Кина се причините за падот на формата на Диего Коста, во најважниот дел од сезоната.
Напаѓачот нема постигнато гол на последните пет натпревари, односно 490 минути и неодамна изјави дека не е задоволен од начинот на животот во Лондон.
Поради тоа „сините“ нема да му стојат на патот и ќе го пуштат да замине, а медиумите на Островот пренесуваат дека ќе добијат околу 50 милиони евра како обештетување.