Дома Фудбал Италија Готово: Гатузо се враќа во Серија А!

Готово: Гатузо се враќа во Серија А!

Џенаро Гатузо се враќа на тренерската работа.

Поранешниот тренер на Милан веројатно ќе седне на клупата на Удинезе бидејќи сегашниот тренер на овој тим Игор Тудор наскоро ќе доби отказ.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Удинезе игра лошо. Вчера на свој терен од Рома изгубија со 0:4 иако гостите Рим од 32-та минута играа со играч помалку.

Минатиот викенд Удинезе доживеа уште поголема катастрофа. Аталанта ги победи со огромни 7:1, па тешко дека Тудор ќе го дочека нов натпревар на клупата.

Првиот избор на раководството на Удинезе за нов тренер е Џенаро Гатузо. Сите поголеми италијански медиуми тврдат дека работата е завршена и се чека само официјална потврда.

Гатузо од декември 2017 до мај 2019 година го водеше Милан. Сепак, после серијата лоши резултати си замина од Милан. Освен Милан, Гатузо работеше уште во Пиза, Офио, Палермо и Сион.

Ќе потсетиме, за Удинезе од оваа сеозна настапува и нашиот напаѓач Илија Несторовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Њукасл против Ман Сити за ФА Купот

Дербито во петтото коло од турнирот за Купот на Фудбалската Асоцијација на Англија ќе биде…