Како и што се очекуваше, Шкендија го елиминираше тимот на Гостивар и се пласираше во осминафиналето од Купот на Македонија.
Тренерот на Ќатип Османи во овој натпревар даде шанса на неколку фудбалери кои што не добиваат голема минутажа во дресот на клубот од Тетово, но тоа не им претставуваше проблем да запишат победа од 2:0.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Стрелци на погодоците кои беа постигнати во првото полувреме во 34, одосно 39 минута беа Абдурахими и Зејнулаи.
До овој момент пласман во осминфиналето покрај Шкендија обезбедија: Пелистер, Силекс, Победа, Работнички, Скопје, Академија Пандев, Шкупи, Ренова, Тетекс, Борец, Струга Трим Лум, Кожуф, Брегалица, Еуромилк.
Екипата на Вардар својот натпревар од Купот на Македонија ќе го одигра утре против составот на Локомотива. Натпреварот се игра со почеток во 16:30 часот.