По девет години пауза Вардар повторно ќе гостува во Загреб во натпревар од лигата на шампионите и тоа со максимален ефект од четири победи во исто толку натпревари.
Тренерот на Вардар, Раул Гонзалез смета дека е научена лекцијата и нема да се повтори ланската игра, притоа признава дека неговиот тим е фаворит во натпреварот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Секогаш кога има нов тренер сите сакаат да играат добро, а и тренерот да се покаже. Ние играме против Загреб, пред нивна публика, и со секогаш полна сила. Имаме притисок бидејќи сме фаворити на овој дуел, и имаме иста ситуација како лани кога му гостувавме на Колдинг. Тогаш Колдинг немаше освоено бодови, а ние загубивме таму. Јас мислам дека нешто научивме од лани, и треба да се фокусираме целосно околу утрешниот натпревар, и да работиме за да победиме. Но, треба и секого да го почитуваме и ривалот“, смета Раул Гонзалез.
Вардар и Загреб веќе еднаш играа сезонава, но во СЕХА лигата, на 13 септември кога „црвено-црните“ победија со 32:31.