Вардар стигна до прва победа во 2018 година, откако вечерва во Прешов, ја совлада екипата на Татран. Црвено-црните во второто полувреме го скршија отпорот на противникот, кога му дозволија да постигне само 7 голови, напротив Вардар кој постигна 16 голови. Ова е вкупно 12-сета победа за Вардар во ова натпреварување, со која теоретски обезбедивме нов пласман на завршниот турнир. По завршување на мечот, на прес-конференцијата пред медиумите се обрати тренерот, Гонзалез кој го изјави следново:

-Ова беше многу тежок натпревар за нас. Знаевме дека Татран е многу опасен во двете фази, и во одбрана и во напад, посебно на домашен терен. Во првиот дел не бевме доволно добри, но подоцна се подобривме. Одзедовме неколку топки и постигнавме лесни голови. Во последните десетина минути работите функционираа перфектно и за наша среќа победивме и среќни сме заради тоа.


Кристопанс одигра одличен меч и постигна пет голови, истакнувајќи дека во второто полувреме Вардар играл подобро.

-Имавме мала криза во првиот дел, но по неколку грешки на Татран, во вториот дел беше подобро. Работите ги решивме дури во последните десетина минути. Честитки за екипата на  Татран.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Дибиров: Во Вардар не играв за пари, туку од љубов – се чувствував како НБА ѕвезда!

Една од најголемите легенди на Вардар Тимур Дибиров, овој месец ќе ја затвори страницата н…