Maнчестер Сити вчера во еден фантастичен натпревар во кој видовме седум гола и голем број шанси на двете страни го победи Реал Мадрид со 4:3.
После само десет минути игра „граѓаните“ имаа предност од 2:0, а првиот гол го постигна Кевин Де Брујн после само 93 секунди игра. Де Брујн погоди со глава откако доби маестрална асистенција од Ријад Марез.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овој гол на Де Брујн е и најбрзиот кој во Лигата на шампионите го постигнала екипата на Манчестер Сити. До вчера рекордот за Сити го држеше Џон Стоунс кој во 2017 година против Феенорд постигна гол после 95 секунди, тој натпревар Сити го доби со 4:0.