Илија Несторовски и Александар Трајковски во Палермо добија нов голман и тоа од редовите на италијанскиот шампион Јувентус.
Сепак, станува збор за голман кој Јувентус во последните три години го испраќаше на позајмици во различни клубови во Италија, Алберто Брињоли.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Минатата сезона Брињоли ја помина во клубот кој убедливо беше последен на табелата во Серија А, Беневенто.
Овој голман на фудбалските фанови сигурно им е познат по погодокот против Милан во изминатата сезона во последните секунди од натпреварот.
Финансиските детали од трансферот не се објавени.
OFFICIAL: Palermo have signed Italian goalkeeper Alberto Brignoli from Juventus for an undisclosed fee. pic.twitter.com/KkiL10O2ee
— TransferNewsCentral (@TransferNewsCen) July 26, 2018