Дома Останати Тенис Голем подвиг: Руд ќе игра против Медведев за финале!

Голем подвиг: Руд ќе игра против Медведев за финале!

Норвешкиот тенисер Каспер Руд денес се пласираше во полуфиналето на завршниот турнир во Торино откако го победи петтиот тенисер во светот Андреј Рубљев со 6:2, 5:7 и 7:6.

Осмиот играч во светот победи после два часа и 23 минути игра. Рубљев во првиот сет и поведе во мечот. Добро го започна и вториот сет, направи брејк со 2:1, а Руд веднаш во наредниот гем го врати брејкот и изедначи. Потоа освојуваа гемови на свои сервиси до 12. кога Норвежанецот повторно направи брејк и изедначи во мечот.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Двајцата во третиот сет направија по еден брејк и се играше тај-брејк кој Руд го доби со 7.5 и првпат во кариерата ќе игра полуфинале на завршниот турнир.

Во сабота тој ќе игра против рускиот тенисер Данил Медведев. Во второто полуфинале играат Ѓоковиќ и Александар Зверев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Шокантни сцени на Вимблдон – Димитров го уништуваше Синер, а потоа плачејќи си замина од теренот

Григор Димитров речиси направи најголемото изненадување на Вимблдон. Бугаринот, со својата…