Дома Фудбал Останато Голем играч и голем човек – Левандовски е странскиот фудбалер кој најмногу помага во Украина!

Голем играч и голем човек – Левандовски е странскиот фудбалер кој најмногу помага во Украина!

Легендата на украинскиот фудбал Андриј Шевченко во разговор за тамошните медиуми откри кој светски фудбалер најмногу помага во инвазијата на Русија во неговата земја.

Шевченко е посебно горд на помошта која се испраќа до неговата земја, а посебно го истакна напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски. Шевченко откри дека Левандовски не испраќа само поддршка со зборови туку и многу помага.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


„Кој странски играч помогнал најмногу? Дефинитивно Роберт Левандовски. Направи навистина многу работи, испраќаше помош на различни начини во секаков вид. Ме радува и поддршката од Англија и Италија. Верувам дека и другите народи ќе се вклучат во поддршката и помошта за Украина“, изјави Шевченко.

Инаку, Левандовски во овој период е во центарот на вниманието и поради неговата ситуација во Баерн Минхен од каде што сака да си замине ова лето. Најмногу се поврзува со Барселона, сепак во Баерн сакаат да го задржат и по цена наредното лето кога му завршува договорот да си замине. Останува да го почекаме преодниот рок и да видиме што ќе се случува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Важни одлуки на УЕФА: Се менуваат квалификациите за Европското првенство!

Англија, Ирска, Шкотска и Велс, кои ќе бидат домаќини на Европското фудбалско првенство во…