Болоња вчера запиша голема победа на гостински терен и покрај тоа што на полувремето губеше со 3:1 на крајот овој тим победи со 3:4.
Родриго Паласио откри дека за нивниот менталитет во вторите 45 минути имала пораката од Михајловиќ која ја добиле на полувремето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Михајловиќ беше бесен. На полувремето ни испрати порака, а ние се обидовме да го пренесеме на терен она што ни беше кажано. Благодарение на неговиот менталитет успеавме да одиграме вакво полувреме“, изјави Паласио.
После натпреварот фудбалерите одлучија да го изненадат својот тренер, па се појавија пред болницата во која тој се лекува.
Нив не им беше дозволено да влезат кај него, па под прозорецот го скандираа неговото име. Навистина потег кој ги заслужува сите пофалби – браво момци!
Il #Bologna dopo la vittoria a Brescia è andato a trovare il suo allenatore, Sinisa #Mihajlovic, al Sant'Orsola.
— Alessio De Giuseppe (@alessiodegiu) September 15, 2019
La squadra ha fatto una sorpresa al tecnico serbo cantando il coro "dai Sinisa alè" e mettendo la sigla di "Scherzi a Parte" #ForzaSinisa pic.twitter.com/3XX1u1QO5C