Дома Фудбал Останато Голем гест на Роналдо: Израдува момче кое беше погодено од огромна трагедија

Голем гест на Роналдо: Израдува момче кое беше погодено од огромна трагедија

Голема трагедија го погоди семејството кое својот годишен одмор го поминуваше во Вила нова де Милфонтес во Португалија. Имено куќата во која престојуваше семејството ја зафатил пожар, а животот го загубиле двајцата родители и нивната ќерка.

Несреќата ја преживеа само 13-годишното момче Француско кое помина неколку недели во болница. За помош на момчето прв кампања започна инфлуенсерот Зек Дерниовски од Канада, но кога дозна дека малото момче е голем фан на Роналдо се потруди да им органзиира средба.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


На крајот кампањата завршила успешно и во двете мисии. Француско се сретна со својот голем идол, а исто така се собрале над 100.000 долари кои се префрлени на располагање на момчето кое остана без своите најблиски.

За да се заврши средбата помогнал репрезентативецот Нелсон Семедо, а Роналдо разговарал десетина минути со детето и му подарил свој дрес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Aлонсо постигнал вербален договор со еден гигант од Премиер лигата

Шпанскиот стратег Чаби Алонсо и Ливерпул наводно постигнале усмен договор, известува мадри…