Филип Најдовски по четири години повторно е дел од Вардар.
На денот кога Вардар ги започнува подготовките за новата сезона, Најдовски е претставен како ново засилување.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Чест и привилегија е по четири години повторно да го облечам светиот дрес. Верувам во овој проект затоа што сум тука. Понудата од Вардар едноставно не можев да ја одбијам, тука е мојот втор дом. Сакаме Вардар да го вратиме на вистинските патеки, а тоа во самиот врв на македонскиот фудбал и секако во Европа“, изјави Најдовски.
Неговото доаѓање треба да е само почеток на промените кои се најавени во редовите на Вардар.