
РК Еурофарм Пелистер е посилен за уште еден репрезентативец на Македонија.




Од сезоната 2022/23 дресот на битолскиот клуб ќе го носи репрезентативниот кружен напаѓач Жарко Пешевски. Овој ракометар се враќа во македонското првенство по настапите за Штутгарт во Бундеслигата.




Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
31-годишниот Пешевски потпиша тригодишен договор и ќе биде претставен пред стартот на подготовките за следната сезона. Пешевски е роден во Скопје на 11 април 1991 година, а во својата кариера настапуваше за Металург, Мотор Запорожје и Штутгарт.




Во дресот на националната репрезентација е од 2013 година и континуирано настапува на пивотменската позиција.




Пешевски е шесто ново име во Еурофарм Пелистер за сезоната 2022/23. Претходно нашиот клуб ги доведе Урбан Лесјак, Усама Хосни, Вилсон Дејвис, Руди Сери и Дмитри Васиљев.