Дома Фудбал Големото засилување за Барселона во Каталонија ќе стане најплатениот Холанѓанец на сите времиња

Големото засилување за Барселона во Каталонија ќе стане најплатениот Холанѓанец на сите времиња

Каталонскиот гигант Барселона засилено ќе влезе во новата сезона.

Клубот веќе потпиша со младиот холандски играч за врска, Френки де Јонг за 75 милиони евра, а извесно е дека уште неколку врвни млади фудбалери ќе пристигнат на „Камп Ноу“. Де Јонг со потписот за Барселона ќе добие огромен договор. Холандските медиуми тврдат дека 21-годишниот фудбалер ќе заработува дури 16 милиони евра и на тој начин ќе стане најплатениот холандски фудбалер.


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Сепак, можеби наскоро нема да биде сам на таа листа. Дефанзивецот на Ајакс, Матијас де Лихт наводно добил идентични услови како и Де Јонг и на него сега останува да одлучи каде ќе игра. Ова дуо се смета за најголеми таленти на холандскиот фудбал. Уште како млади се докажаа и од следната сезона ќе имаат шанса да играат на уште поголемо ниво.

Сигурно дека ќе имаат што да покажат, бидејќи станува збор за навистина големи таленти на холандскиот, но и на европскиот фудбалер, а можеби и повторно да облечат дрес на ист тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нов ВАР циркус на Копа Америка: Се цртаа погрешни линии, Бразил не доби чист пенал 🎥

Изминатата вечер со натпреварот помеѓу Бразил и Колумбија заврши групната фаза на Копа Аме…