Сопствениците на ПСЖ имаат намера да направат промени во раководството и да донесат нов спортски директор на местото на Леонардо, пренесуваат француските медиуми.
Сопствениците од Катар не се задоволни со работата на Леонардо, иако имаат ѕвезден тим и неограничен буџет, па сакаат да направат промени на лето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наводно Зинедин Зидан, кој се поизвесно ќе биде нов тренер, не сака да работи со Бразилецот и му порачал на раководството да доведе нов спортски директор.
Сопствениците му замеруваат на Леонардо и поради отказот кој му го даде на Томас Тихел, кој неколку месеци подоцна стана европски шампион со Челзи.
Притоа, Леонардо не успеа да го убеди Мбапе да стави потпис на нов договор и големата ѕвезда ќе замине без обештетување.