Eкипата на Фиорентина славеше победа со 2:1 против Милан, а најголеми заслуги за овој триумф има голманот Давид Де Геа.
Шпанскиот чувар на мрежата бранеше како во најдобрите денови и одбрани два пенали.
Големи пофалби за Де Геа по неговиот настап имаше тренерот на „виолетовите“, Рафаеле Паладини.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Верувајте ми, тој е уште ѕвер. Се уште е голман од светска класа и сите го видовте тоа во овој натпревар. Можеме да видиме зошто е шампион. Треба да сме му благодарни, навистина е пример за сите во тимот“, изјави Паладино.
Де Га во вчерашниот натпревар стана првиот голман по осум години кој одбранил два пенали на еден натпревар. Против Милан од белата точка ги одбрани ударите на Ернандез и Абрахам.