Денес трансферот на Лука Јовиќ од Ајнтрахт во Реал Мадрид беше и официјално потврден.
Реал Мадрид за трансферот на Лука Јовиќ ќе плати сума помеѓу 60 и 70 милиони евра, а одличниот напаѓач ќе биде првата класична „деветка“ која ја купува Реал после Карим Бензема во 2009 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Голем дел од сумата од трансферот ќе добие и португалска Бенфика. Тие имаат дури 30% од правата на трансферот на Јовиќ во Реал. Со оглед на тоа дека оштетата се уште е точно познато (некаде се тврди 60, а некаде 70 милиони евра) не може да се каже и колку дефинитивно ќе добие Бенфика.
Тие веќе зарабтија седум милиони евра кога Ајнтрахт го откупи договорот на Јовиќ кој претходно кај нив играше како позајмен фудбалер.
За тоа што Јовиќ стана играч на Реал големи заслуги има Нико Ковач. Тој додека го тренираше клубот од Франкфурт го спаси напаѓачот кој во зимскиот преоден рок дојде од Бенфика. Ковач го доведе во Германија и го препороди после што тој си замина во Баерн.
Оваа сезона Јовиќ постигна 27 голови и запиша седум асистенции во 48 настапи, Најголемиот успех со германскиот клуб му е овогодинешниот пласман во полуфиналето во Лигата на шампионите.
Both El Mundo Deportivo and Diario AS now report the fee paid by #RealMadrid for Luka Jovic as €60m, with 30% (€18m) going to Benfica. https://t.co/rXCeKa8qxN pic.twitter.com/nc5MeqArir
— footballespana (@footballespana_) June 4, 2019