Исклучително ефикасна и возбудлива ноќ во Лигата на шампиони, каде неколку екипи обезбедија пласман во осминафиналето.
ПСЖ и Бенфика со победи обезбедија пласман во следната рунда. „Светците“ беа најефикасни и со 7:2 славеа над Макаби. Меси и Мбапе постигнаа по два гола, Нејмар и Солер по еден и еден автогол.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бефика славеше над Јувентус со 4:3, иако во еден момент имаше предност и од три гола.
Милан го декласираше Динамо Загреб со 4:0, а Реал Мадрид го запиша првиот пораз на гостувањето кај Лајпциг со 3:2.
Манчестер Сити и Дортмунд одиграа реми без голови, но тоа беше доволно за „граѓаните“ да обезбедат пласман во осминафиналето.