Дома Фудбал Голеада на Бернабеу, Роналдо со четири погодоци го предводеше Реал до нова победа

Голеада на Бернабеу, Роналдо со четири погодоци го предводеше Реал до нова победа

Фудбалерите на Реал Мадрид синоќа на Сантијаго Бернабеу ја победија Џирона со 6:3 во рамките на 29. коло од шпанската Ла Лига.

Беше ова убав натпревар во кој гостинската екипа покажа дека не е случајно на седната позиција на табелата, но Роналдо беше премногу расположен за да нешто се препушти на случајност.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Кралевите дојдоа до водство по само 11 минути игра, а стрелец по асистенција на Тони Крос беше Кристијано Роналдо. Веќе на средината од првото полувреме гостите стигнаа до израмнување, а стрелец на голот беше Стуани. Тоа беше и конечниот резултат по првото полувреме.

Во продолжение е видена вистинска голеада. Прво Реал во 47. минута преку Кристијано Роналди стигна до нова предност, а после 12 минути Лукас постигна нов погодок за предност од 3:1. Роналдо овој пат беше асистент.

Пет минути подоцна Роналдо го комплетираше хет-трикот за предност од 4:1. Гостите колку-толку во игра се вратија во 67. минута кога Стуани постигнува нов погодок, но Герет Бејл малку подоцна дефинитивно го реши победникот. До крајот беа постигнати уште два погодоци. За гостите погоди Хуанп во 88. минута, а за домаќините повторно стрелаше Роналдо во судиското продолжение.

Кралевите сега имаат само четири бода помалку од Атлетико Мадрид и се наоѓа на 3. позиција, додека Џирона остана на 7. место со 43 бода.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал го сака дефанзивецот на Челзи

Реал Мадрид е силно заинтересиран во своите редови да го доведе дефанзивецот на Челзи, Рис…