Дома Фудбал Репрезентации Глик: Македонија нема случајно четири бода, не чека тежок натпревар

Глик: Македонија нема случајно четири бода, не чека тежок натпревар

Во пресрет на утрешниот натпревар денес прес конференција за медиумите одржа и селекцијата на Полска.

На конференцијата за медиуми се појавија селекторот Јержи Брзжек и Камил Глик.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Глик кој долго време играше во Италија доби прашање за нашите репрезентативци Пандев, Несторовски и Трајковски.

„Ги познавам сите тројца, играат во големи клубови и се одлични играчи. Ова е изеданачена група и Македонија нема случајно четири бодови. Утре очекуваме тежок натпревар“, изјави Глик.

Селекторот на Полска, Брзжек ја пофали формата на неговата репрезентација:

„Два натпревари во јуни не се погодни, но од она што го видов додека се подготвувавме ќе бидам задоволен ако тоа го спроведеме на теренот“, изјави Брзжек.

Натпреварот помеѓу Македонија и Полска се игра утре со почеток во 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Де Лаурентис сака да го награди Конте со нов договор

Претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис планира да му понуди нов договор на тренерот …