Дома Фудбал Англија Глејзер им одговори на фановите и вети големи инвестиции

Глејзер им одговори на фановите и вети големи инвестиции

Незадоволство од навивачите на Манчестер Јунајтед е се поголемо и влегоа во борба за заминување на сопствениците на клубот.

Навивачите на Јунајтед бараат заминување на семејството Глејзер од клубот кој го обвинуваат за погрешна политика и лоши резултати, а сето тоа кулминираше со основањето и распадот на Суперлигата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Иако не размислуваат за можноста да го напуштат клубот, Глејзери наводно се подготвени да разговараат со претставниците на навивачите за делумната сопственост на клубот.

„Ме допревте со делови од вашето писмо во кое објаснувате зошто ве разочаравме со поддршката за Суперлигата. Искрено се извинувам за тоа. Сакам да ви кажам дека сум свесен за вашата желба за промена и отсега ќе ве консултираме за најважните одлуки за Манчестер Јунајтед“.

Ние сме отворени за сите конструктивни предлози и сакаме да разговараме со вас за инвестирање во Олд Трафорд, тренинг центарот и се што можеме да подобриме во организацијата на натпреварите. Јас и моето семејство навистина се грижиме за Манчестер Јунајтед и нашата примарна цел е и секогаш ќе бидеме да се бориме за трофеи. Нема успех без инвестирање, а ние ќе инвестираме уште повеќе ова лето “, напиша меѓу другото Џоел Глејзер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ромеро без милост кон управата на Тотенхем: Се појавуваат само кога оди добро

Тотенхем има уште една разочарувачка сезона и моментално се наоѓа на 14. место во Премиер …