Гласините во медиумите стигнаа и до стратегот на Јувентус.
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри присуствуваше на церемонијата во организација на „Самсунг“ кој е еден од генералните спонзори на Јувентус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ниту во оваа прилика Алегри не можеше да ги избегне прашањата од новинарите поврзани со гласините во медиумите. Во центарот на вниманието беше потенцијалното враќање на Пол Погба, како и можниот трансфер на Адриен Рабио од Пари Сен Жермен на кого му истекува договорот следното лето.
„Погба е играч на Манчестер Јунајтед и ќе играме два клучни натпревари против него во Лигата на шампионите. Рабио? Нема смисла сега да зборуваме за тоа во овој момент“, изјави стратегот на „Старата дама“.
Секако дека натпреварите помеѓу Манчестер Јунајтед ќе бидат вистинско уживање за фудбалските фанови, а дополнителен шмек на натпреварот му дава и тоа што Кристиано Роналдо ќе игра против клубот во кој се прослави во Европа.