Наполи се соочува со голем проблем на неколку дена пред реваншот од осминафиналето во Лигата на шампиони против Барселона.
Одличниот напаѓач Лоренцо Инсиње вчера се повреди во победата од 3-1 против Лацио и со солзи во очите го напушти теренот, па тој најверојатно нема да игра против Барселона.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Според првите информации на медицинскиот тим на Наполи, Инсиње има проблем со истегнат мускул, но повеќе детали ќе има во следните 48 часа.
Меѓутоа, на прв поглед повредата не изгледа наивно и можно е Наполи да заигра против Барселона без него.
Првиот меч меѓу овие екипи заврши 1-1, а реваншот се игра следната недела.