Дома Фудбал Италија И самиот Инсиње сфати дека го „тролаат“ поради висината (Фото+Видео)

И самиот Инсиње сфати дека го „тролаат“ поради висината (Фото+Видео)

Наполи за викендот во рамките од 32 коло во Серија А го одигра натпреварот против Милан. Овој натпревар беше завршен со реми 0:0, па шансите за Скудето на Наполи сега се само теоретски.

Ситуацијата на самиот старт од овој натпревар сигурно ги насмеа оние кои натпреварот го следеа во директен пренос.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на двете екипи како и секогаш се појавија на теренот со придружба од најмладите во дресови на противничкиот тим, а организаторите повторно се потрудија на Инсиње да му „подметнат“ прилично високо дете.

Инсиње на теренот излезе во друштво на две деца кои беа високи скоро колку и тој самиот. Другите играчи покрај себе имаа во главно пониска придружба.

Ништо не би било толку чудно доколку вакви работи на Инсиње не му се случуваа скоро секогаш, па станува очигледно дека организаторите се шегуваат на сметка на висината на фудбалерот.

Сега тоа му стана јасно и самиот Инсиње, судејќи според неговата насмевка при излегувањето од теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…