Дома Трансфер зона Гигантите разочарани: Мбапе и Нејмар остануваат во ПСЖ

Гигантите разочарани: Мбапе и Нејмар остануваат во ПСЖ

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи ги израдува фановите на клубот и потврди дека преговараат за продолжување на договорите на најголемите ѕвезди.

Договорите на Килијан Мбапе и Нејмар истекуваат во 2022 година, па нивната иднината на „Паркот на принцовите“ е неизвесна.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Клубот сака да ги задржи во Париз и веќе почнале преговори со двајцата за продолжување на соработката.

„Не се во тек само преговорите со Мбапе. Исто така почнавме да преговараме за продолжување на престојот и со Нејмар. Почнавме да преговараме со Мбапе и Нејмар“.

„Преговорите се доверливи и се водат одделно за секој играч, но ние имаме голема верба дека се ќе завршиме како што сакаме. Двајцата сакаат да останат со нас“, истакна Ал Келаифи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…