Дома Топ вести Гигантите го следеа, тој блескаше: За овој фудбалер ќе се „тепаат“ на лето!

Гигантите го следеа, тој блескаше: За овој фудбалер ќе се „тепаат“ на лето!

Белгија во последните неколку години важи како најголем расадник на таленти, а моментално во белгиската лига игра еден од најголемите таленти во Европа – Јури Тилеманс.

Тилеманс е продукт на школата на Андерлехт и најмлад дебитант во историјата на белгиската лига, па поради тоа игра многу зрело иако сеуште нема ни 20 години.


Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓


Тој е прототип на модерен играч за врска кој може да игра наседе во средниот ред – трча, краде топки, асистира, дава голови, едноставно е комплетен.

Поради тоа Тилеманс е на радарот на многу европски гиганти кои константно ги следат неговите настапи и сакаат да го доведат во своите редови.

Така беше и на последниот натпревар на Андерлехт против Остенде, кога на трибините имаше скаути на Милан, Манчестер Сити, Порто, Барселона, Јувентус, Евертон и Бенфика, а Тилеманс блесна со два прекрасни гола.

Тој постигна два неверојатни гола, па сигурно дека на лето ќе се води „војна“ за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Јувентус донесе одлука, ќе го откупи Калулу

Раководството на Јувентус донесе одлука да го откупи договорот на Пјер Калулу, кој ова лет…