Најголемиот успех на Црвена Звезда во последните 26 години предизвика голем интерес кај навивачите.
Денес во Србија во слободна продажба беа пуштени пакет влезниците за натпреварите во групната фаза од Лигата на шампионите каде што Звезда ќе игра против Наполи, ПСЖ и Ливерпул.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Влезниците беа распродадени за помалку од три часа!
Долгите колони пред благајната на „Рајко Митиќ“ започнаа да се создаваат уште од четири часот наутро, а имало и такви кои кампувале пред стадионот.
Ќе потсетиме претходно во продажба беа пуштени билетите за членовите на клубот.
Во Белград прв гостува Наполи на 18-ти септември, потоа пристигнува Ливерпул на 6-ти ноември, а на 11 декември пристигнуваат богатите „светци“ предводени од Нејмар.
Стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград има капацитет од 55 илјади гледачи, па јасно е дека европските гиганти ќе ги очекува пеколна атмосфера.