Германскиот фудбалер Марио Геце остана без клуб откако му истече договорот со Борусија Дортмунд.
Геце претходните четири години ги помина во Дортмунд каде што се врати од Баерн. Меѓутоа во претходните сезони не беше на нивото, но треба да се спомене и дека не беше во прв план кај тренерот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во овој момент тој е слободен агент откако му истече договорот, меѓутоа понуди секако има.
Германските медиуми пишуваат дека Геце е блиску да ја продолжи кариерата во Турција и тоа во дресот на Галатасарај. Наводно, преговорите се веќе во тек и останува уште да се договорат околу висината на платата.
Геце би требало да заработува околу 2.5 милиони евра и да потпише договор на три години. Тој би бил второ засилување за Галата откако за овој клуб пред неколку дена потпиша Арда Туран.