Со децении наназад Лигата на шампионите е најинтересното и најдоброто фудбалско натпреварување и привлекува најголемо внимание кај фудбалските фанови ширум светот.
Но, изгледа за навивачите на Барселона и не е така привлечно кога игра против помал клуб. Имено, Барселона сезонава поради градежните работи на „Камп Ноу“ своите домашни натпревари ги игра на стадионот „Монжуик“ кој е со капацитет од 49.000 седишта.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тоа е капацитет многу помал од оној на „Камп Ноу“, меѓутоа и тоа се покажало како премногу за навивачите на Барселона во овој дуел. Како што објавија шпанските медиуми, Барселона не успеала да ги распродаде билетите за овој дуел.
За споредба се наведува дуелот Шахтјор – Порто кој поради ситуацијата во Украина се играше во Германија на теренот на Хамбург. На овој натпревар се собраа околу 50.000 во главно неутрални навивачи. Ова доволно зборува за тоа колку се сака фудбалот во Германија, навивачите ги полнат трибините дури и кога не игра германски тим.
Влијание имаше секако и тоа што последен пат на стадионот на Хамбург натпревар од Лигата на шампионите се играше во сезоната 2006/2007.