Дома Фудбал Германија Германците едногласни: Преку телефон Јоаким Лев ја задржува селекторската позиција

Германците едногласни: Преку телефон Јоаким Лев ја задржува селекторската позиција

Шок, два дена размислување и одлука каква што им доликува на Германците: Јоаким Лев останува селектор!

Фудбалскиот сојуз и на натаму актуелниот светски шампион, одлучи да не го избрка од клупата сегашниот стратег, и покрај дебаклот на Мундијалот во Русија, на кој „Панцерите“ првпат по осум децении не успеа да се пласира во нокаут фазата на натпреварувањето. Со оглед на тоа дека Германците се работат системски и плански, така одлучија на функцијата да го остават човекот кој пред четири лета од Бразил им го донесе Златниот глобус, а откако го наследи Јирген Клинсман, на секое големо натпреварување стигнал барем до полуфиналето.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Освен на ова во Русија.

Седницата на извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Германија беше оддржана во петокот вечерта и тоа по пат на телефонски разговор. Сите членови на споменатото тело се консултирани и секој од нив бил согласен Јоаким Лев да остане селектор до крајот на договорот, а да потсетиме дека пред само еден месец го продолжи договорот до летото 2022. година, поточно до завршувањето на следниот Мундијал во Катар.

„Не ни постоеше друга опција, Лев доби едногласна поддршка“, соопштија од Сојузот по состанокот со кој претседаваше првиот човек на германскиот фудбал, Рајнард Гриндел.

Значајно влијание во оваа одлука имаше и гласот на играчите. Пред се на оние искусните. А меѓу нив посебно се истакна Сами Кедира, со зборовите дека Јоаким Лев треба да остане селектор бидејќи за изминатите 12 години изгради огромни работи за германскиот фудбал и фантастично ги познава шансите во репрезентацијата, и дека е сигурен дека ќе ги носи „Панцерите“ кон нови успеси.

Уште нешто: од кандидатите односно од оние кои беа споменувани по медиумите како што се: Лотар Матеус, Марио Баслер, Мирослав Клосе, Томас Шнајдер, Штефан Кунц и Маркус Штрајгт, никој не е такво тренерско име кое на Германците би им гарантирало успех.

Секако, останува можноста, самиот Лев да се повлече од функцијата, бидејчи по враќањето од Русија нагласи дека му е потребен неколкудневен одмор, да ги собере мислите, по што ќе одлучи дали ќе продолжи со работата, и покрај целосната поддршка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…