Дома Фудбал Репрезентации Германија објави на кој стадион ќе ја пречека Македонија во март

Германија објави на кој стадион ќе ја пречека Македонија во март

Германската фудбалска федерација објави дека натпреварот во квалификациите за СП 2022 против Македонија ќе го игра во Дуисбург.

Како што е познато од претходно објавениот календар дуелот со Германија на гости ќе го играме на 31. март и тоа ќе биде првото гостување на нашата репрезентација во Германија. „МСВ“ арената на која Германија ќе ја пречека Македонија има капацитет од 31.500 гледачи.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


На овој стадионот игра локалниот Дуисбург кој во минатото беше дел и од Бундеслигата, но сега е во третата германска лига.

Шест дена претходно Германија на истиот стадион ќе биде домаќин на Исланд исто така во натпревар од нашата група.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

„Земјотрес“ од Шпанија: Барселона се пушти во трка по важен фудбалер на Манчестер сити

Пред околу две и пол години Манчестер Сити го сруши рекордот за најскап дефанзивец во исто…