Дома Трансфер зона Герет Бејл се сели во Серија А

Герет Бејл се сели во Серија А

Милан е заинтересиран за ѕвездата на Реал Мадрид и велшки репрезентативец Герет Бејл, пренесуваат италијанските медиуми.

Договорот на Велшанецот со „кралевите“ истекува на крајот на годината и сигурно ќе го напушти Реал како слободен агент.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Бејл се уште нема донесено конечна одлука за својата иднина, а медиумите тврдат дека размислува да стави крај на кариерата.

Сепак, доколку Велс избори пласман на Светско првенство, Бејл сигурно ќе ја продолжи кариерата барем на една сезона, за да биде спремен за Мундијалот.

Малдини изминатите денови имал средба со неговиот агент за да ги дознае финансиските детали од евентуаелн ангажман.

Бејл сериозно ја разгледува опцијата доколку ја продолжи кариерата да се пресели во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…