Пред Вардар во Лигата на шампионите се два натпревари против ПИК Сегед.
Во натпреварот со Сегед Вардар влегува со три порази во низа од Алборг, Монпеље и Кил. Гоце Георгиевски во најавата за овој натпревар посочи дека Вардар го чека тежок меч со добро познат противник.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Не чека тежок и добро познат противник. И минатата сезона одигравме два натпревари со нив, двата беа тесни, како што знаеме не победија. И сега мислам дека ќе бидат исти натпреварите, како што кажав тие се квалитетна екипа. Се спремаме за нив, гледаме видео анализи, вчерашниот натпревар со Веспрем беше навистина добар, посебно добри беа во одбраната. Одиме да се надигруваме таму, без бело знаме. Против нас секогаш играат со голем мотив и се надевам ќе не послужи среќата за поволен резултат“, изјави Георгиевски.
Вардар прво му гостува на ПИК Сегед во четврток од 18:45 часот, а седум дена подоцна ќе биде домаќин.
Фото: Денис Дуковски / РК Вардар1961