Дома Македонски спорт Генерацијата 2002/2003 прикажа добра игра и го доби Косово на првата контролка

Генерацијата 2002/2003 прикажа добра игра и го доби Косово на првата контролка

Денес селекторот на У21 репрезентацијата на Македонија ги скенираше фудбалерите од 2002/2003 во тест натпревар против Косово.

Фудбалерите кои ги избра Канатларовски прикажаа добра игра и на крајот дојдовме до минимална победа од 1:0. Стрелец на голот беше Луан Абази. Разликата ја направивме во второто полувреме кога беше постигнат единствениот гол на натпреварот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


После неколку шанси во низа и доминација на противничката половина македонските фудбалери го отворија резултат.

Противникот немаше одговор на нашата игра, постојано се бранеше и ретко го минуваше центарот на теренот, па и немаше некои сериозни закани кон нашиот гол.

За два дена ќе ја одиграме и втората контролка против истиот противник.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Клаузула во договорот на Мурињо ги отвора вратите кон Реал Мадрид

ЖОЗЕ МУРИЊО има клаузула во договорот со Бенфика која може да го направи достапен уште ова…