Дома Македонски спорт Генералниот секретар на Работнички на средба со – газдата на ПСЖ!

Генералниот секретар на Работнички на средба со – газдата на ПСЖ!

Дали ова можеме да го сметаме за најава на некаква „бомба“ поврзана помеѓу Работнички и ПСЖ?

Имено, генералниот секретар на македонскиот прволигаш Работнички, Ненад Монев на својот Фејсбук профил објави фотографија не со било кого, туку со – газдата на ултра богатиот Пари Сен Жермен, Насер Ал Келаифи.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Средбата помеѓу Монев и Келаифи се случила за време на генералното собрание на Европската Клупска Асоцијација (ЕКА). Овој настан беше одржан во Амстердам, Холандија.

Освен објавената фотографија нема некаква најава за што бил разговорот помеѓу Монев и Келаифи. Меѓутоа самата фотографија можеби е најава за нашто убаво за македонскиот фудбал.

Тешко е да се поверува дека може да се случи Келаифи да инвестира во македонскиот фудбал, поточно во Работнички, но одлично би било барем и кога би виделе еден пријателски натпревар помеѓу нашиот и францускиот тим.

Останува времето да покаже дали Монев има некаков договор со Кеалифи…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…