Репрезентацијата на Хрватска беше поразена од Аргентина во полуфиналето на Светскот опрвенство и утре од 16:00 часот ќе игра против Мароко за бронза.
На прес-конференцијата пред натпреварот во сабота присуствуваше и дефанзивецот Јошко Гвардиол кој не можеше да се справи со Меси во полуфиналниот дуел.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Гвардиола блескаше во текот на целото првенство, но против така расположен Меси веројатно не може да игра ниту еден дефанзивец во светот, па ниту тој не е исклучок.
Сепак, Гвардиола е горд што имал прилика да игра против Меси.
„Беше убаво искуство, иако минатата сезона и во клубот играв против него. Целосно е поинаков кога игра за клубот и репрезентацијата.
Мило ми е што играв против него иако изгубивме. Но, ќе можам утре да им кажам на децата дека 90 минути сум го чувал Меси. Се надевам дека следниопт пат ќе победиме“, изјави Гвардиол.
ДУЕЛОТ НА МЕСИ И ГВАРДИОЛ ПРЕД ГОЛОТ НА АЛВАРЕЗ
Leo Messi GOAT 🐐 pic.twitter.com/42JizRqmLC
— The Pep (@GuardiolaTweets) December 13, 2022