Дома Трансфер зона Гвардиола спрема „специјално“ засилување за крај

Гвардиола спрема „специјално“ засилување за крај

Навивачите на Манчестер Сити не се навикната клубот да биде вака „тивок“ во летниот преоден рок.

До затворањето на трансфер пазарот во Англија останаа уште неполни 6 дена, а „граѓаните“ до сега го донесоа само Ријад Марез за 60 милиони фунти.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Гвардиола пред почетокот на трансфер пазарот изјави дека му е потребен еден офанзивен и еден играч за врска, но ја загуби битката за потписот на Жоржињо.

Манчестер Сити располага со фантастичен тим, но Гвардиола сепак најави дека до крајот може да пристигне еден „специјален фудбалер“.

„Ќе видиме, можеби ќе има уште еден трансфер до крајот на преодниот рок, но тоа би бил специјален ирач, не екстра, туку специјален“ , изјави Гвардиола.

Во последните денови најчесто со Сити се поврзуваат Пјаниќ, Ковачиќ и Верати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…