Дома Видео Гвардиола со апел до меѓународната јавноста за поддршка на независноста на Каталонија (видео)

Гвардиола со апел до меѓународната јавноста за поддршка на независноста на Каталонија (видео)

Тренерот на фудбалскиот клуб Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ја повика меѓународната заедница да го поддржи референдумот за независност на Каталонија, што шпанската влада го смета за нелегален.

Гвардиола го прочита манифестот на собирот на неколку илјади поддржувачи за каталонска независност, кои се собраа денеска во Барселона.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


„Демократијата во Европа и во целиот свет треба да стојат зад нас, бидејќи ние ги браниме нашите права за слобода на политичко изразување и правото на глас”, рече поранешниот тренер и фудбалер на Барселона, Пеп Гвардиола.

Претседателот на каталонската влада Карлес Пучдемон во петокот го закажа референдумот за 1 октомври.

Премиер Маријано Рахој се противи на референдум и рече дека тој ќе го спречи.

Според анкетите 44,3 проценти од Каталонците се за независност, а 48,5 отсто се против, додека 73,6 отсто се да се распише референдум.

За референдумот, но не и за независност се и а левичарските партии, синдикати, бизнисмени, како и на фудбалскиот клуб Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…