Наредното лето Манчестер Сити би можел да биде уште посилен и тоа без вложување на ниту еден цент!
Пеп Гвардиола има јасен план за наредното лето.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Имено, Манчестер Сити кој во минатиот преоден рок потроши вистинско богатство сега би можел да доведе неколку фудбалери и тоа бесплатно.
Како што сега стојат работите, имприсивниот напад Агуеро, Хесус, Сане и Стерлинг ќе биде посилен за Алексис Санчез на кого договорот му истекува во јуни. Има можност тој да пристигне и во јануари, но „граѓаните“ немаат причина да брзаат и да плаќаат оштета.
Но, интересот на Пеп за Санчез е веќе познат. Нова мета е Емре Џан од Ливерпул. Клоп призна дека тешко ќе го задржи Германецот кој веќе беше виден како нов фудбалер на Јувентус, но Сити би можел да му понуди поголема плата и на тој начин да го убеди да се пресели на „Итихад“.
Џан би ја засилил конкуренцијата во средниот ред, но веројатно и би го превземал местото на Јаја Туре кој ќе го напушти клубот.
Останува евентуално да се доведе уште еден бек за левата страна, иако тоа не е и неопходно, во секој случај после Гвардиола има шанса да доведе два одлични фудбалери и тоа без оштета.