Дома Топ вести Гвардиола сака уште посилен Сити: Ѕвездата на Реал Мадрид пред трансфер на „Етихад“

Гвардиола сака уште посилен Сити: Ѕвездата на Реал Мадрид пред трансфер на „Етихад“

Манчестер Сити го забележа најдобриот старт во историјата на Премиер лигата.

„Граѓаните“ имаат освоено 28 бода во првите десет натпревари, а избраниците на Пеп Гвардиола играат фантастичен фудбал веќе неколку месеци. Кевин Де Брујн е одличен во средниот ред, додека Хесус и Агуеро постигнуваат голови.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Сето ова доведува на размислување дали на Манчестер Сити им се потребни уште засилувања?

„Don Balon“ пишува дека Пеп Гвардиола верува дека може да го доведе Иско во спектакуларен трансфер на „Етихад“. Пред 12 месеци изгледаше дека Шпанецот сигурно ќе го напутши Реал, но од тогаш Иско стана незаменлив во првиот тим на „Кралевите“.

Иако доби нов договор вреден 6 милиони евра по сезона, Манчестер Сити верува дека прашање е само кога Иско ќе пристигне на „Етихад“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал нема да жали пари за ѕвездата на Арсенал

Реал Мадрид е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал и француски репрезентативец В…