Дома Трансфер зона Гвардиола пронајде идеално зимско засилување – понудата испратена

Гвардиола пронајде идеално зимско засилување – понудата испратена

Манчестер Сити уште во летниот преоден рок бараше квалитетен играч за врска, па тоа ќе биде приоритет за Гвардиола во зимскиот преоден рок.

Гвардиола смета дека мора да донесе алтернатива за Фернандињо кој веќе е во поодминати години, но и за него нема адекватна замена.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Англиските медиуми тврдат дека „граѓаните“ веќе го избрале наследникот на Бразилецот, а станува збор за талентираниот играч на Лион, Танги Ндомбеле.

Младиот Французин со своите одлилни настапи го привлече вниманието на многу европски гиганти, а Гвардиола сам можеше да се увери во неговите квалитети на натпреварот од ЛШ.

Медиумите тврдат дека „граѓаните“ веќе спремиле понуда од 40 милиони фунти (45 милиони евра) и го сакаат играчот уште во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…