Манчестер Сити оваа сезона игра фантастично и руши рекорди во Премиер лигата, но Гвардиола сака дополнително да го засили тимот во зимскиот преоден рок.
„Граѓаните“ се борат на три фронта – Премиер лигата, Лигата на шампиони и Купот, па Гвардиола јавно потврди дека сака да донесе еден дефанзивец во зимскиот преоден рок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Џон Стонс и Бенџамин Менди се повредени и подолго ќе отсуствувата од терените, а Винсент Компани има постојано проблеми со повреди.
„Во одбрана располагаме со многу ограничен број на фудбалери и тешко ќе издржиме на сите фронтови. Ќе видиме што ќе се случи во јануари, потребен ни е централен дефанзивец“, изјави Гвардиола.
January transfer news from Guardiola's very own mouth (plus other interesting things) pic.twitter.com/wyE00lpQsL
— Sam Lee (@Sammy_Goal) December 12, 2017