Дома Фудбал Гвардиола: Останувам во Сити, и ако клубот биде казнет

Гвардиола: Останувам во Сити, и ако клубот биде казнет

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека сигурно останува на клупата и следната сезона, дури и ако Премиер лигата ги казни „граѓаните“ за финансиски малверзации.

Премиер лигата во февруари покрена обвинение за Манчестер Сити за финансиски малверзации, после четиригодишна истрага.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Останувам во Манчестер Сити и наредната сезона. Не размислувам за заминување. Не се грижете, останувам и ако бидеме казнети од Премиер лигата,. Она што би сакал е судењето да заврши поскоро и што е можно побрзо да биде решен случајот. Ако сме згрешиле нешто, сите ќе знаат“, изјави Гвардиола.

Манчестер Сити оваа сезона ја освои титулата во Премиер лигата, а ќе игра и во финалињата на ФА Купот и Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Случајност или не? Десет фудбалери на Арсенал се повлекоа од репрезентациите!

Шпанскиот играч Мартин Зубименди стана десеттиот фудбалер на Арсенал кој се повлече од сво…