Синоќа тимот на Пеп Гвардиола беше декласиран против Барселона која победи со 4:0 на „Камп Ноу“.
Гвардиола после натпреварот објасни зошто го оставил Агуеро на клупата и заклучи дека натпреварот бил решен после исклучувањето на Клаудио Браво.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Навистина е тешко да се игра против Барселона. Се до исклучувањето, натпреварот беше отворен и креиравме шанси за голови. Знаевме дека нивните напаѓачи не грешат, а на крајот тоа ни се удри од глава. Во овој момент им дозволуваме многу шанси на ривалите, но добро е тоа што е уште месец октомври“, изјави Пеп, кој потоа објасни зошто Агуеро беше на клупата.
„Агуеро беше добар, немаше никаков проблем и никаква повреда. Одлуката ја донесов чисто јас и таа е од технички карактер. Го оставив Агуеро на клупата поради една причина, а тоа беше потребата да имам човек плус на средината на теренот“, истакна Гвардиола, кој на крајот заклучи:
„Ова не е мојот најтежок пораз. Најтежок пораз ми беше со Баерн Минхен против Реал Мадрид, поради целата ситуација и грешките кои ги направив при изборот на стартниот состав”